Како што стојат работите, Арсенал полека се збогува од борбата за титулата со Ливерпул, а најголемата грешка ја направија во јануари кога не доведоа ниту едно засилување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На сите им беше јасно дека Арсенал треба напаѓач, но Артета и раководството на тимот од Лондон, од некоја причина, мислеле поинаку и очигледно е дека направиле голема грешка.
Наводно, раководството на Арсенал заедно со Артета започнале да подготвуваат планови за следното лето кога станува збор за доаѓања, но и заминувања.
Според извештаите, Арсенал е во напредни преговори со ѕвездата од Белгија Максим де Куjпер, и тој наредното лето би требало да им се придружи на „Топчиите“.
Како што пренесува „TEAMtalk“, нивните извори тврдат дека Арсенал е подготвен за жесток преоден рок во кој ќе има многу доаѓања, но и голем број заминувања од Емирати.
Така, според пишувањата на англиските медиуми, следното лето во Арсенал ќе дојде нов напаѓач, ново лево крило, нов играч од средниот ред, нов лев бек и нов голман.