Дома Македонски спорт Мак фудбал Ренова го најде „лекот“ за Академија Пандев

Ренова го најде „лекот“ за Академија Пандев

Тимот на Ренова забележа победа во првиот натпревар од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тетовскиот тим беше подобар од Академија Пандев со 3:1.

Многу рано, уште во првиот дел беше решено прашањето на победникот, откако во периодот од 27-та до 39-та минута Ренова постигна три голови преку Гафури, Мишковски и Лукаш и имаше недостижна предност.

Во самиот финиш од средбата Марков го постигна почесниот гол за гостинскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Охрид ја брани предноста, Пелистер и Работнички бараат бодови на гости

Седумте средби од 11. коло во Втората лига почнуваат во 13 часот. Водечката тројка влегува…