Дома Топ вести Венгер ја користи ситуацијата во Сити и спрема „бомба“

Венгер ја користи ситуацијата во Сити и спрема „бомба“

Арсенал веќе подолго време е во потрага по врвен напаѓач, а англиските медиуми пренесуваат дека Серхио Агуеро би можел да ги засили „топџиите“.

Агуеро влезе во конфликт со Пеп Гвардиола после натпреварот со Барселона, па медумите тврдат дека на крајот на сезоната ќе го напушти „Етихад“, иако игра извонредно и има 11 голови на 11 натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал кој веќе подолго време е во потрага по врвен голгетер, а според експертите токму тоа му недостасува на „топџиите“ за титула во Премиер лигата.

Сепак, „топџиите“ треба да се изборат со конкуренцијата бидејќи за Аргентинецот силен интерес покажуваат уште и Реал Мадрид и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…