
Хамилтон и Мерцедес беа едно, но прв пат од далечната 2007 година,Луис Хамилтон влезе во болидот на Ферари, каде ќе се обиде да го оствари последниот танц во Формула 1.
Последната титула ја освои пред пет години, но легендарниот Британец не верува дека неговата ера завршила.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
И таа ера е толку значајна што многумина, особено на Островот, го сметаат за најдобриот возач што некогаш седнал во болид на Формула 1. Тој држи рекорди во овој спорт за најголем број победи (105), пол-позиции (104) и појавувања на подиум (204).
Само еден возач во историјата на Формула 1 има освоено ист број титули како Хамилтон, а тоа еМихаел Шумахер.
”Никогаш немојте да ме споредувате со никој друг”, вели Хамилтон.
”Јас сум првиот и единствен црн возач кој некогаш бил во овој спорт. Јас сум поинаков. Поминав низ многу нешта. Имам свој пат. Не можете да ме споредувате со друг возач на Формула 1 од 40 години, ни сегашен ни поранешен, бидејќи тие не се ништо слично на мене”, самоуверено вели Британецот пред почетокот на новата сезона.
Преодот на Хамилтон во Ферари предизвика бројни критики во автомото светот. Еден од критичарите беше поранешниот сопственик на Ф1 екипата Еди Џордан кој порано работеше како Ф1 коментатор на BBC. Тој тврди дека било ”апсолутно самоубиствени” за Ферари да го пушти Карлос Саинц да замине на крајот на сезоната.
Шпанскиот возач, кој премина во Вилијамс, имаше силна врска и на патеката и надвор од неа со новиот тимски колега на Хамилтон, Шарл Леклер, но Хамилтон игнорираше секоја критика насочена кон него.
”Секогаш сум добредојден на негативноста. Никогаш, никогаш не одговарам на коментарите од постари, на крајот, бели мажи кои ја коментираат мојата кариера и што мислат дека треба да правам.”
По несигурниот прв ден на претсезонско тестирање во Бахреин оваа недела, Хамилтон покажа зошто е еден од најголемите возачи на сите времиња и како брзо се прилагодува на новиот автомобил.
Ферари регистрира добар резултат, иако претсезонските тестирања ретко носат реални показатели за сезоната, тоа ќе му даде на Хамилтон дополнителна самодоверба дека може да се натпреварува на највисоко ниво.
Она што им привлече внимание на британските медиуми е мотивот на Хамилтон. Интересно, како своја предност во овој спорт тој ја истакнува тоа што нема сопруга и деца. Хамилтон е познат по тоа што беше во врски со неколку познати жени, вклучувајќи ја и пејачката Никол Шерцингер.
”Гладен сум, мотивиран, немам жена и деца. Фокусиран сум на една работа, а тоа е победа. Тоа ми е број 1 приоритет.”
Луис Хамилтон е еден од најплатените спортисти во светот. Неговото богатство се проценува на околу 450 милиони долари. .