Дома Останати Кошарка Погледнете како реагираше таткото на Дончиќ кога неговиот син погоди невозможна тројка

Погледнете како реагираше таткото на Дончиќ кога неговиот син погоди невозможна тројка

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ги победија во својот дом Минесота со 111:102. За тимот кој го предводат Лука Дончиќ и Леброн Џејмс ова беше осмата победа во последните десет натпревари, со што се втор тим во лигата по форма и ја задржаа петтата позиција на Западот, додека гостите ги очекува жестока борба за пласман во плејоф или плеј-ин.

Дончиќ не беше многу расположeн. Учинокот од 21 поен, 13 скока и пет асистенции звучи многу добро, но Дончиќ до него стигна со катастрофален шут бидејќи погоди само 6 од 20, и една тројка од девет обиди. Но, таа една погодена тројка беше спектакуларна. Џејмс му ја даде топката со истекот на нападот, а Дончиќ погоди со една нога за три поени. Цела сала се крена на нозе, а таткото на Дончиќ на трибините се смееше и се држеше за главата во неверување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Докторите прогнозираат: Ембид никогаш нема да биде како порано!

Џоел Ембид почесто отсутствува од теренот, отколку што игра на него оваа сезона. Многумина…