Дома Фудбал Кин за играчите на Јунајтед: Проклети измамници!

Кин за играчите на Јунајтед: Проклети измамници!

Манчестер јунајтед успеа да извлече реми против Евертон (2:2) во возбудлив натпревар од Премиер лигата минатиот викенд, а потоа вчера победија против Ипсвич со 3:2. Бруно Фернандеш го започна пресвртот на Црвените ѓаволи против Евертон со својот гол од слободен удар. Сепак, и покрај овој резултат, поранешниот капитен на Јунајтед Рој Кин не остана импресиониран.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кин, познат по своите остри коментари, жестоко ги критикуваше играчите на Манчестер Јунајтед, особено истакнувајќи го недостатокот на карактер во тимот. Неговиот гнев беше насочен и кон актуелниот капитен Бруно Фернандеш. “Овие играчи едноставно немаат тоа што е потребно за да го носат дресот на Манчестер Јунајтед,” изјави Кин за Sky Sports. „Гледам премалку страст, премалку борбеност. Каде е тој Јунајтед што некогаш го познававме? Овие играчи се проклети измамници“, вели Кин.

Особено се осврна на Фернандеш: „Капитенот треба да биде пример за останатите, но тој повеќе време поминува жалејќи се на судиите отколку водејќи го тимот. Тоа не е она што ѝ треба на Јунајтед“.

Зборовите на Кин одекнаа меѓу навивачите кои се поделени во мислењата. Додека некои ја поддржуваат неговата критика, други сметаат дека е премногу остар кон тимот кој се бори за враќање на старите славни патеки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос во најава: Натпреварите на Светското првенство можат да траат и по два-три часа повеќе!

Оваа година, Светското првенство може да се соочи со неочекувани предизвици кои би можеле …