Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, нема да ја води својата екипа против Њукасл вечерва во дербито на 27. коло на Премиер лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Холандскиот стратег беше под истрага на Фудбалската асоцијација на Англија поради зборовите упатени кон арбитерот на главниот меч против Евертон, Мајкл Оливер. По натпреварот што заврши 2:2 на „Гудисон парк“ пред две недели, Слот му упати неколку иронични зборови на Мајкл Оливер.
Веднаш се зборуваше за суспензија на два натпревара, дури и на сајтот на Премиер лигата се појави таква информација која брзо беше отстранета и Слот го водеше тимот против Вулвс, Астон Вила и Манчестер Сити.
Сепак, денес неговата суспензија е потврдена и тој нема да може да биде покрај клупата на Ливерпул вечерва на „Енфилд“ против Њукасл. Нема да го има ниту во следното коло против Саутемптон што „црвените“ го играат на 8 март.
Покрај тоа, Холанѓанецот ќе мора да уплати 70.000 фунти на касата на Фудбалската асоцијација.