Дома Фудбал Меси и Нејмар повторно заедно во Барселона?!

Меси и Нејмар повторно заедно во Барселона?!

Лионел Меси наводно изјави дека не може да ја заврши кариерата без да игра на обновениот „Камп Ноу“, кој би требало да биде подготвен следната година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веста ја пренесе шпанскиот новинар Алекс Кандал, кој ја парафразираше изнесената изјава на Аргентинецот. Ќе видиме дали на тревникот на добро познатиот стадион, во ново издание, Меси ќе заигра во дресот на Барселона или во дресот на Интер Мајами на некој пријателски меч организиран по овој повод, за кој исто така се зборува многу.

Договорот на Меси истекува на крајот од 2025 година, а на Флорида наводно немаат ништо против неговата идеја да се врати на Пиринејскиот полуостров. Заедно со него би можел да патува и Нејмар, пренесува „Спорт“. Агентот на играчот Пини Захави има добри односи со првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, што би можело да го олесни договорот.

Бразилецот неодамна се врати во Сантос и почна да покажува препознатливи партии, и има желба, по истекот на шест месеци во родниот клуб, уште еднаш да игра за Барселона. Наводно, подготвен е и на драстично намалување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дебакл на Мундијалот предизвика вистински земјотрес: Стигна првата голема последица!

Вториот дел од натпреварувањето на Мундијалот започна со натпреварот што синоќа го одиграа…