Дома Топ вести Зидан со телефонски повик го минираше сигурното засилување на Барса

Зидан со телефонски повик го минираше сигурното засилување на Барса

Според пишувањето на шпанските медиуми, Антоан Гризман речиси сигурно ќе си замине од Атлетико Мадрид следната сезона, без разлика како таа ќе заврши за неговиот сегашен тим.

Се разбира, заинтересирани има многу. Манчестер Сити, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Барселона, Челзи… поточно, ова се сите екипи кои можат да одвојат 100 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.


Меѓутоа, се е поизвесно дека тој ќе остане во Шпанија, поточно ќе бира помеѓу Реал и Барселона. Засега, Гризман е најблиску до Барселона, од две причини:

1. Барса ќе мора да плати повеќе, бидејќи така рече пред неколку месеци;

2. Не сака да ги наруши одличните односи со навивачите на Атлетико Мадрид со трансфер во најголемиот ривал – Реал.

Реал го привлекува само поради тоа што главен тренер е Зидан, каде што има уште неколку Французи. Оваа стапка под број два, ја минираше Зинедин Зидан, кој спроед пишувањата на „Diario Gol“ комуницира со својот сонародник.

Проблем може да претставува претседателот на Реал, Флорентино Перез кој повторно најмногу се прашува, а наводно, не сака да отвори „војна“ со Атлетико. Во денешниот дневен весник во Шпанија, Гризман наводно сака да си замине во Барса, што за него би претставувало голем чекор во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нова катастрофа за Постекоглу пред финалето на Лига Европа

Фудбалерот на Тотенхем Дејан Кулушевски нема да игра во финалето на Лига Европа против Ман…