Тренерот на фудбалерите на Арсенал Микел Артета изјави дека неговиот тим сè уште е во трка за титулата во Премиер лигата и дека по ниедна цена нема да се откаже од таа борба. На прашањето дали би се откажал од борбата за титулата, Артета рече:
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Само преку моето мртво тело. Ако не можеме, можам и да си одам дома“, кажа Артета и потоа додаде:
„Математички, тоа е можно, тука сме и мораме да го играме секој натпревар. Пред три дена можевме да го намалиме заостанувањето и да дојдеме до помало заостанување, но не е важно. Ако сакате да ја освоите Премиер лигата, треба да направите нешто посебно. Ако сакате да ја освоите во околностите во кои се наоѓаме, веројатно треба да направите нешто што никој друг не го направил во историјата на Премиер лигата”, изјави Артета.