Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид Диего Симеоне не издвојуваше имиња во екипата на Барселона пред утрешниот натпревар во полуфиналето на Купот на кралот помеѓу двата тима.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пишувавме за состојбата кај Каталонците кои имаат проблеми со Ламин Јамал и прашање е дали ќе настапи.
“Не сакам да зборувам за секој противнички играч посебно. Имаат фудбалери кои решаваат ситуации, добар напад и кој и да игра добро, ги решава своите проблеми”, започна Симеоне својата прес-конференција кога го прашаа за Ламин Џамал.
Атлетико има многу тежок распоред во наредните недели. Сега Барса во двомечот на Купот на кралот, а потоа Реал во Лигата на шампионите…
“Не знам кој тим ќе нè замори повеќе бидејќи уште не сме ги одиграле тие натпревари”, беше загаточен Симеоне.
На прашањето кој е најголемата сила на Барселона во тимот, Аргентинецот беше директен.
“Нивната најголема сила е тренерот Ханси Флик. Има талент за да им ги пренесе своите замисли и неговото доаѓање направи многу добри работи за Барса”.
Натпреварот е на програмата утре од 21.30 на „Монжуик“.