Дома Топ вести Перез ја бара замената за Роналдо: Ова се ТРИТЕ имиња кои се во игра!

Перез ја бара замената за Роналдо: Ова се ТРИТЕ имиња кои се во игра!

Кристиано Роналдо ја освои наградата на ФИФА за најдобар играч во 2017. година, откако што со Реал Мадрид во минатата сезона освоија речиси се што можеше.

Иако Роналдо веќе со години е на врвот на својата форма во Реал не сакаат ништо да ризикуваат, а веќе се во потрага по замената за овој играч кој на почетокот на следната година ќе го прослави својот 33. роденден. Флорентино Перез е свесен дека неговиот тим нема да може секогаш да се потпира на Роналдо и поради тоа сака на време да се осигура.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Marca“ денеска објави дека претседателот на Реал веќе започнал да бара играч кој ќе го замени Португалецот. Роналдо изјави дека сака да остане во Реал до крајот на кариерата, но само прашање е кога годините ќе го „престигнат“, а тоа на „Сантиаго Бернабеу“ очигледно сакаат подготвено да го пречекаат.

ronaldo

Наводно, Перез на својата листа на желби има три играчи за кого верува дека има еден ден можат да бидат лидери на оваа екипа. Прв е Паоло Диабала кој е одличен во Јувентус и јасно е дека пред него има блескава иднина. Реал го следи и младиот играч на ПСЖ, Гонзало Гуедеш кој во моментов е на позајмица во Валенсија и веќе постигна осум гола и има исто толку асистенции во само осум натпревари за „Лилјаците“.

И на крајот е 18-годишниот Линколн од Греми за кого во Бразил тврдат дека е новиот Роналдињо. Овој тинејџер за својот клуб дебитираше со само 16 години и веќе одигра неверојатни 254 натпревари, а само што стана полнолетен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шишковски останува во Борац, наскоро ќе го продолжи договорот

Искусниот македонски голман Дамјан Шишковски минатото лето пристигна во Борац од Бања Лука…