Шпанскиот стратег во редовите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола има одличен тим во новата сезона, но и покрај тоа сериозно размислува на засилувања за зимскиот преоден рок.
Како што пренесуваат дел од медиумите во Англија, Гвардиола е сериозно заинтересиран за купување на Миралем Пјаниќ, босанскиот фудбалер кој е најавен како „мозок“ на тимот од Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола и во минатото од својата кариера, додека беше стратег на Барселона имаше обиди да го ангажира Пјаниќ, но тогаш тоа не му успеа.
Манчестер Сити се очекува уште во јануари да се обиди да го ангажира Мирален Пјаниќ за сума од 60 милиони евра.