Дома Фудбал Пулишиќ демантира кавга со тренерот: Тоа се измислици, оставете не на мир

Пулишиќ демантира кавга со тренерот: Тоа се измислици, оставете не на мир

Фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишиќ остро го демантираше написот на италијанскиот весник „Ла Република“ дека  сака да го напушти клубот поради наводно несогласување со тренерот Консеисао.

Американскиот репрезентативец вели дека нема никакви недоразбирања со тренерот и ги обвини медиумите дека измисливаат.

„Мислам дека треба да ни дадете простор без овие шпекулации и измислици. Никогаш не сум се расправал со тренерот и не сум барал да заминам. Овие лаги се неприфатливи за мене, ве молам оставете ги играчите на мир.Сите сме единствени и обединети во главната цел, а таа е да прикажуваме добри игри и резултати. Нема никаков хаос во тимот, само минуваме низ турбулентен период. Почит за нашите навивачи, тие секогаш се со нас“, истакна Пулишиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Љубичиќ не запира: Трет меч по ред со гол, вторпат погоди во ЛШ

Роберт Љубичиќ ја продолжи голгетерската серија во ЛАСК, а на последните седум натпревари …