Дома Фудбал Анчелоти повторно ги критикуваше судиите од шпанската Ла Лига

Анчелоти повторно ги критикуваше судиите од шпанската Ла Лига

Реал Мадрид и Манчестер Сити вечерва ќе го одиграат реванш натпреварот од осмина-финалето на Лигата на шампионите, а Карло Анчелоти застана пред новинарите и одговараше на нивните прашања.

Вечерва од 21:00 часот ќе се одигра реванш натпреварот, а прес-конференцијата што ја одржа Карло Анчелоти ја искористи за повторно да го искритикува нивото на судиска работа во Шпанија.

„Статистиката зборува сама за себе. Судиската работа во Шпанија е полоша од онаа во европските натпреварувања. Во Европа има помалку контроверзии и непотребни интервенции. Во Лигата на шампионите судат најдобрите судии од европските држави и квалитетот на судиската работа е многу висок”, изјави италијанскиот експерт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сеслар со два гола го сруши Штурм: Целје славеше со 3-2 во Грац

Целје победи на „Меркур Арена“ со два погодока на Свит Сеслар и еден на Бенјамин Вербич, и…