Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за четвртфиналните парови од Купот на Македонија.
Актуелниот освојувач на Купот, тимот на Пелистер за противник во четвртфиналето ја има Победа, додека единствениот второлигаш Тетекс ќе игра против Академија Пандев.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на Шкендија пак во четвртфиналето ќе игра против подобриот од осминафиналната средба помеѓу Вардар и Шкупи, што веројатно најавува и нова пресметка на големите ривали, доколку тимот од Чаир не направи изненадување.
Во последниот четвртфинален пар силите ќе ги одмерат Ренова и Скопје.
Првите натпревари се закажани за 8 ноември, реваншите ќе се играат на 29 ноември. Исклучок се дуелите меѓу Шкендија и Шкупи или Вардар кои ќе се играат на 17 декември и 21 февруари 2018 година.