
Актуелниот првак на Италија, милански Интер, минатиот викенд во 25. коло од Серија А на домашен терен загуби од Јувентус. Интер така пропушти да го искористи киксот на Наполи и да го преземе врвот во Серија А. Наполи, 13 круга пред крајот, е прв на табелата со два бода предност.
Поразот од Јувентус не му се допадна на аргентинската ѕвезда и најдобар стрелец Лаутаро Мартинез, кој по последниот свиреж на судијата беше фатен од камера како пцуе. Пцуењето не е ништо невообичаено во фудбалот, особено по фрустрирачкиот пораз во борбата за титулата, но на гледачите во Италија им се чинеше дека Мартинез користел забранета псовка.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Многумина тврдеа дека од неговите усни ги прочитале зборовите “Porco Dio”, што во превод значи “Бог е свиња” и се смета за една од најлошите псовки на италијанскиот јазик, како што пишува Football Italia. За оваа псовка во Серија А е воспоставена пракса автоматска суспензија од еден натпревар.
Сепак, од Серија А информирале дека „читањето од усни“ не било доволен доказ и Мартинез нема да добие казна, па Интер ќе го има на располагање за следното коло.