Дома Останати Тенис „Казната на Синер е како фудбалер да суспендирате во текот на летото“

„Казната на Синер е како фудбалер да суспендирате во текот на летото“

Англискиот тенисер Лијам Бруди на интересен начин ја прокоментира суспензијата на Јаник Синер.

По многу месеци драма и шпекулации, Јаник Синер конечно е суспендиран – на три месеци, во период помеѓу два гренслема и точно пред Мастерсот во Рим.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тоа ги налути многу тенисери – реагираа и Ник Кирјос и Станислав Вавринка, кој изјави дека „повеќе не верува во чист спорт“.

„Сметам дека оваа забрана е насочена на тоа што е можно помалку да влијае на кариерата на Јаник. Суспензијата завршува ден пред Мастерсот во Рим, кој е најголемиот турнир во неговата земја и совршена подготовка за претстојниот Ролан Гарос. Разговарав со некои луѓе и тие ми рекоа дека ова е како премиерлигашки фудбалер да биде суспендиран во текот на летото…, рече Бруди за “BBC”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На Синер му недостигаат четири пехари за да направи нешто што Надал и Федерер не успеаја

Само Новак Ѓоковиќ успеа еднаш да го направи она што Јаник Синер го направи оваа година: д…