Дома Фудбал Роналдо ги менува тренерите како чорапи

Роналдо ги менува тренерите како чорапи

По новиот пораз, Ваљадолид се наоѓа во доста незавидна положба. Ова доведе до нова смена на тренерот, втора за оваа сезона.

Клубот кој го води легендарниот Роналдо го смени Диего Кока. Тој ги водеше Ваљадолид во само осум натпревари.

Аргентинскиот тренер, предводејќи го Ваљадолид, запиша дури седум порази и само една победа. Резултатот е дека клубот моментално се наоѓа на последното место со 15 бодови, седум помалку од претпоследниот Алавес.

На почетокот на сезоната, клубот го водеше Алваро Рубио, а сега Ваљадолид е во потрага по трет тренер за сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок сред интервју: На Нико Ковач ладнокрвно му соопштија дека му починал пријател (Видео)

Незапамтен шок го дочека хрватскиот тренер Нико Ковач по натпреварот во Штутгарт. Дозна де…