Дома Фудбал Нови проблеми за Барселона: Ла Лига пронајде можна измама

Нови проблеми за Барселона: Ла Лига пронајде можна измама

Од Ла Лига се сомневаат на нешто неправилно во процесот, благодарение на кој Барселона успеа да обезбеди приходи, со кои беа обезбедени повторните регистрации на Дани Олмо и Пао Виктор порано оваа зима. Станува збор за договор, според кој Каталонците продадоа дел од ВИП местата на “Спотифај Камп Ноу”. Во оваа врска, лигата го известила Високиот спортски суд во Шпанија.

“Ел Конфиденсиал” открива дека јаболкото на раздорот е телекомуникациската компанија New Era Visionary Group. На документи, таа купила дел од овие места за 28 милиони евра. Од Ла Лига, сепак, имаат сомневања дека оваа фирма е создадена од клубот и е користена фиктивно со цел да се заобиколат правилата.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


New Era Visionary Group е основана во Обединетите Арапски Емирати, а нејзин главен извршен директор е Руслан Бирладеану од Молдавија. Компанијата отвора канцеларија во Шпанија во јуни 2024 година со скромен капитал од само 3000 евра. И покрај тоа, само неколку месеци подоцна New Era Visionary Group добива – без тендер – проектот за мрежната инфраструктура на новиот “Камп Ноу”, иако Orange ја обезбедува технологијата и распоредувањето на мрежата.

Официјално Барселона е наведена како единствен клиент на компанијата.

Инаку, официјално “блаугранас” не откриваат на кои фирми ги продале ВИП местата. Меѓутоа, Ла Лига успеала да ги најде имињата на купувачите, меѓу кои е и споменатата New Era Visionary Group.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА го укина терминот за Лигата на шампионите: Познати се датумите и времињата на четвртфиналните натпревари

Оваа сезона на УЕФА Лигата на шампионите полека стигнува до својот крај, осумте најдобри т…