Судијата Хосе Луис Мунера Монтеро кој му покажа црвен картон на Џуд Белингам на натпреварот помеѓу Осасуна и Реал Мадрид ги исклучи коментарите на Инстаграм бидејќи преку оваа социјална мрежа почна да добива закани за убиство.
Да потсетиме, натпреварот заврши 1:1 по головите на Килијан Мбапе за Реал и Анте Будимир за Осасуна, која од 39. минута имаше играч повеќе откако беше исклучен Џуде Белингам.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Како што известува „Мундо Депортиво“, на Инстаграм на искусниот судија се појавија повеќе илјадници вербални напади насочени кон него. Во некои од нив имаше емотикони на „свињи и стаорци“, но некои содржеа и закани кон него и неговото семејство, поради што реши да ја исклучи можноста за коментари.