
Фудбалерите на Тотенхем го совладаа Манчестер Јунајтед во 25. коло од Премиер лигата, а уште пред почетокот на натпреварот беше јасно дека двата тима ќе имаат многу проблеми со повредени фудбалери.
Јунајтед отпатува на „Вајт Харт Лејн“ со само 12 играчи од првиот тим поради многубројните повреди. Рубен Аморим го спомена тоа на прес-конференцијата, а ако некој го разбира, тоа е Ангелос Постекоглу.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Токму тренерот на Тотенхем зборуваше за тој проблем на „Црвените ѓаволи“, но Постекоглу се соочува со такви маки речиси два месеца:
„Јунајтед има многу повредени играчи? Кога погледнувам во мојата канцеларија, немам многу симпатии и сочувство за другите тренери“, рече Постекоглу, а потоа објасни:
„Го разбирам Рубен во таква ситуација, играчи надвор од позиција, деца на клупата… Добредојде во мојот свет. Но тоа е за еден натпревар. Пробајте тоа да го правите два месеца во континуитет“, се пожали тренерот на Тотенхем.