Дома Фудбал Најмладиот стрелец во историјата вчера, но денес мора на училиште

Најмладиот стрелец во историјата вчера, но денес мора на училиште

Мајкл Нунан вчера стана најмладиот стрелец во историјата на европските натпревари. Денес, сепак, е најобичен ученик…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Момчето кое има само 16 и пол години го постигна победничкиот гол во триумфот на Шамрок над Молде (0:1), а веќе следното утро беше виден со ранец на грбот како оди пешки до училиште.

Интересно е што овој дуел од плејофот за осминафиналето на Конференциската лига воедно беше и дебито на младиот Ирец во дресот на Шамрок

Нунан пред само еден месец ја доби опремата на Шамрок, а дојде без отштета од Сент Патрикс Атлетик.

Средношколец од Даблин постигна три гола на пет сениорски настапи за неговиот претходен тим.

Исто така, настапуваше и за националните селекции на Ирска до 15 и 16 години. Ја погодуваше мрежата 10 пати на 16 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Иран има тешка животна приказна: Татко му не му давал да игра фудбал, па живеел како бездомник!

Иранскиот голман Алиреза Бејранванд стана вистински херој на иранската фудбалска репрезент…