Дома Фудбал Барселона обезбеди потпис на еден од најталентираните фудбалери во светот

Барселона обезбеди потпис на еден од најталентираните фудбалери во светот

Во последно време, Барселона се фокусира на продолжување на договорите со своите млади играчи, а сега на ред е и талентираниот стопер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонскиот клуб во последно време прави одлична заложба за иднината продолжувајќи ги договорите со своите млади ѕвезди.

Неодамна нови договори потпишаа Роналд Араухо и Жерард Мартин, а новите договори се на маса и за Педри и Гави.

Сега на ред дојде до ѕвездата од последната линија на Барселона, талентираниот стопер Пау Кубарси.

Се наведува дека младиот Кубарси ќе потпише долгорочен договор, кој ќе важи до летото 2030 година.

Преговорите се завршија уште во јуни, а наскоро ќе биде официјализирано, сега кога Пау ќе наполни 18 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кој фудбалер ќе „лета“ од Барселона зашто Флик договорил засилување од Дортмунд

Карим Адејеми според сите изгледи ќе биде ново засилување на Барселона бидејќи преговорите…