Дома Фудбал Феликс не крие: Отворено кажа зошто го избрал Милан

Феликс не крие: Отворено кажа зошто го избрал Милан

Поранешниот најталентиран фудбалер на планетата, Жоао Феликс (25), неодамна започна ново поглавје во својата кариера, преминувајќи на позајмица во Милан од Челси до крајот на сезонава.

Иако само што пристигна, веќе покажа дека седумкратниот европски шампион може да биде вистинскиот избор за неговата иднина.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Португалецот многу брзо се прилагоди на новиот тим.

На својот дебитантски настап за „росонерите“, постигна гол во натпреварот од Купот на Италија против Рома, покажувајќи ја класата и ефикасноста која се очекуваше од него. Неговото влијание не остана незабележано, па веќе во следниот натпревар против Емполи беше во стартната поставка.

Оваа одлука на тренерот на Милан, Сержо Консеисао, јасно укажува дека има големи планови за својот сонародник.

Феликс откри дека клучната причина за доаѓањето во Милан била можноста да игра на својата природна позиција, што му го овозможува Консеисао.

Не барав да бидам стартер на секој натпревар. Само да играм на мојата позиција. И Сержо Консеисао го сака токму тоа, да ме стави на позиција на која најмногу можам да придонесам. Тоа беше клучно да го изберам Милан“, изјави Феликс.

Милан вечерва од 21 час гостува на Фејенорд во првиот натпревар од баражот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, а голема е веројатноста дека Феликс ќе започне на тој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…