Дома Фудбал Екс-ѕвездата на Серија А: Се однесуваа со мене како да сум Пабло Ескобар, притворот е чудно искуство

Екс-ѕвездата на Серија А: Се однесуваа со мене како да сум Пабло Ескобар, притворот е чудно искуство

Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан (36) кон крајот на јануари беше уапсен поради сомневање за шверц на кокаин.

Белгискиот играч за врска наводно соработувал со Ибрахим Ахмадун, кој претходно беше поврзан со увоз на кокаин, а во 2016 година беше уапсен во САД. Апсењето на Наинголан е дел од поширока истрага за организиран криминал, насочена кон дистрибуцијата на кокаин од Јужна Америка во Белгија. Судскиот процес сè уште не е започнат, а Наинголан моментално игра за белгискиот второлигаш Локерен-Темзе.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Поранешниот играч на Интер и Рома за белгискиот портал „Hat Laatste Nieuws“ го сподели она што го преживеал во текот на процесот на испитување. “Не ме прашаа никакви прашања директно поврзани со дрога, туку сакаа да знаат какви врски имам со друга личност што ја истражуваат. Притворот е многу чудно искуство што не би сакал повторно да го доживеам.

Ме претставија како дилер на дрога, а веќе по 24 часа се појавив на тренингот на мојот тим. Се однесуваа како да сум Пабло Ескобар, мораше да ја поминам целата ноќ таму иако немам никаква врска со случаите на дрога во кои беше вклучен мојот пријател”, кажа Наинголан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марсело: Мурињо ме нервираше, Зидан ми даде слобода

Марсело формално ја затвори својата успешна кариера и во интервју истакна значајни моменти…