Дома Останати Кошарка Дончиќ никогаш нема да му прости на сопственикот на Далас

Дончиќ никогаш нема да му прости на сопственикот на Далас

Лука Дончиќ на изненадување на целиот свет беше разменет во Лос Анџелес Лејкерс за Ентони Дејвис, а сега сопственикот на тимот Патрик Думонт ги откри причините зошто се реши за првата ѕвезда на тимот. Неговите зборови се жесток удар кон Словенецот.

Никој во светот на кошарката не сонуваше дека Лука Дончиќ ќе биде дел од размена, бидејќи околу него Далас Маверикс го градеа тимот што требаше повторно да го нападне НБА прстенот.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Навивачите на тимот од Тексас се исклучително незадоволни поради фактот што управата на тимот се ослободи од Словенецот.

Сопственикот на Далас Маверикс, Патрик Думонт, одлучи да открие зошто се решил да го размени Дончиќ.

„Тимовите победуваат бидејќи сите играчи се фокусирани и имаат вистински карактер, внесуваат вистинска култура, покажуваат вистинска посветеност на работата и работат напорно за да придонесат за шампионски прстен. Ако не се работи така, доаѓа поразот”, истакна Думонт и додаде:

„Ако ги погледнете најголемите во историјата – Џордан, Бирд, Коби, Шекил, сите тие секој ден работеа напорно и беа фокусирани само на победа. Не оди ако го немате тоа во себе, а ако го немате тоа, не треба да бидете дел од Далас Маверикс. Тоа е нешто што бараме”, рече Думонт.

Ова е дефинитивно вистинско понижување од поранешниот тим кон Словенецот кој со години наназад правеше чуда на паркетот и често играше повреден за тимот да победува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Брутално забивање како во НБА: Кошаркар на Водно Санс блесна во стилот на Мајкл Џордан! (Видео)

Кошаркарскиот натпревар од втора лига помеѓу Водно Санс и Бутел ни донесе потег каков што …