Дома Останати Кошарка Дојде во Далас како замена за Дончиќ, а поради операција може да ја заврши сезоната

Дојде во Далас како замена за Дончиќ, а поради операција може да ја заврши сезоната

ЕНТОНИ ДЕЈВИС имаше фантастично деби за Далас Маверикс, каде што дојде од ЛА Лејкерс како главен дел од отштетата за Лука Дончиќ, сè додека не се повреди во второто полувреме. Се покажа дека повредата е сериозна и дека поради неа ќе пропушти неколку недели, а можеби ќе треба и на операција.

“Далас Маверикс и Ентони Дејвис денеска ќе разговараат за опциите за повредата. Ќе испитуваат дали може да се излечи без операција”, објави НБА инсајдер Марк Штајн.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Дејвис е познат по склоноста кон повреди, поради кои во трите сезони од 2020 до 2023 година пропушти повеќе од 100 натпревари.

Нова повреда поврзана со стара

Се покажа дека требаше да одмори уште малку, но побрза да се врати на терен со цел да ги задоволи новите навивачи. Проблемот со адукторот Дејвис го влече уште од Њу Орлеанс, каде што помина седум сезони од кариерата пред трејдот во Лејкерс во 2019 година.

Операцијата може да значи крај на сезоната

Ако Дејвис и Маверикс одлучат за третман, Дејвис би требало да се врати на кошарка за неколку недели. Но, ако заклучат дека единствено решение е операција, веројатно е дека за Дејвис веќе завршила сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанис: Ќе играм на Евробаскетот ако сум потполно здрав

Играчот на Милвоки Бакс Јанис Антетокунмпо ја потврди својата намера да ја претставува Грц…