Дома Моторспорт Не му помогна ниту Ферари: Ферстапен и понатаму пред Хамилтон!

Не му помогна ниту Ферари: Ферстапен и понатаму пред Хамилтон!

Откриени се платите на возачите во Формула 1 за следната натпреварувачка сезона.

По тестирањето на болидите, возачите ќе го имаат првиот старт на Големата награда на Австралија (16 март) во сезоната која ќе има 24 трки и ќе заврши со Големата награда на Абу Даби (7 декември).

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Бранител на титулата е Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, кој од 2021 до минатата година собра четири титули светски првак во Ф1.

Холанѓанецот исто така е и најплатениот возач во календарската година со плата која се проценува на 65 милиони американски долари.

Пет милиони долари помалку ќе има седумкратниот светски првак Луис Хамилтон по преминот од Мерцедес во Ферари, каде што му ги зголемија приходите за околу 10 милиони евра, според порталот Racing News 365.

И додека нив двајца драстично се издвојуваат со платите пред Ландо Норис и Фернандо Алонсо, задниот дел на таа листа не изгледа толку луксузно.

Неискусните возачи на дното од оваа табела ќе ги поминуваат круговите во годината за плата од половина до еден милион долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Се друго остана во сенка: Тежок пад на Маркез во Холандија

Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше најбрз на првиот слободен тренинг пред Големата награ…