Дома Фудбал Останато „Местенка“ или луд пресврт? Шпански тенисер доживеа неверојатен пресврт! (Видео)

„Местенка“ или луд пресврт? Шпански тенисер доживеа неверојатен пресврт! (Видео)

Шпанскиот тенисер Николас Алварез Варона дозволи целосно неверојатен пресврт и запиша пораз иако имаше шест меч-топки и водство од 5:0 во одлучувачкиот сет.

Светот на тенисот од време на време ни нуди неверојатни пресврти кои граничат со реалноста, а она што го направи Литванецот Вилиус Гаубас ќе остане долго запаметено во светот на тенисот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Литванецот победи со резултат од 2:1 против Николас Алварез Варона во второто коло на АТП Челинџер турнирот на Тенерифе. Но, најбизарен беше начинот на кој дојде до победата.

Шпанецот водеше со 5:0 и 40:30 во одлучувачкиот сет. Гаубас успеа да го извлече, а потоа и да спаси четири нови меч-топки во следниот гем.

Сето тоа остана зад Гаубас, кој гем по гем се враќаше во натпреварот, за на крајот да спаси уште една меч-топка, вкупно шеста, при резултат 6:5 за Варона. Кога сето тоа го спаси, беше голем фаворит во тај-брекот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тишина на Арената: Натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда започна со минута молк (Фото+Видео)

Вечерва во Скопје се игра натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Вардар кој е од хуманитарен к…