![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-07-115426-850x491.jpg)
Поранешните ѕвезди на НБА лигата и сегашни коментатори на најновите настани во најсилната кошаркарска лига на светот, Чарлс Баркли, Шекил О’Нил и Кени Смит ги избраа своите тимови за годинешниот Ол-Стар натпревар. Тој ќе се одржи на 16 февруари, а градот кој ќе биде домаќин е Сан Франциско.
Оваа година Ол-Стар натпреварот ќе се игра во нов формат, поточно ќе се одигра мини-турнир со четири тима, секој од по осум играчи. Тројца ги избраа Баркли, О’Нил и Смит и тоа од играчи кои добија најмногу гласови од навивачите, медиумите и тренерите, додека четвртиот тим ќе го формираат играчите на победничкиот тим од дуелот на новите ѕвезди, кој ќе се игра на 14 февруари.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Први ќе бидат одиграни две полуфинални средби, а победниците од тие полуфиналиња ќе се соочат во финалето. Сите три натпревари ќе се играат на начин што за победник ќе биде прогласен тимот кој прв ќе достигне или надмине 40 поени.
🌟 Составите за #NBAAllStar 2025 се готови! 🌟
— NBA (@NBA) 7 февруари, 2025
Тимовите Чак, Кени и Шек ќе се придружат на шампионите на #CastrolRisingStars во мини-турнирот во недела, 16 февруари во 8ч/ет на TNT. pic.twitter.com/khZnI8Wj8v