![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-07-114039-850x491.jpg)
Football Manager 2025 нема да биде издаден. Тоа значи дека следната верзија на оваа планетарно популарна игра е закажана за следната сезона или година, во зависност од одлуката на производителот Sports Interactive. Од SI порачаа дека ќе се фокусираат на следното издание за да започнат нова ера на Football Manager.
Поради усогласување на засегнатите страни, вклучувајќи и правни и финансиски прописи, не можеа да ја издадат оваа верзија. Програмерите не успеаа да постигнат се во поставените цели во неколку аспекти на играта, особено во севкупното доживување на играчот и интерфејсот. Од SI нагласија дека за следното издание целта е да се достигне нивото на квалитет кое сите го очекуваат и дека поради тоа не сакаа да прибегнат кон половични решенија.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
“Навистина жалиме затоа што ве разочаравме. Знаеме дека ова ќе биде огромно разочарување, особено бидејќи датумот на издавање веќе двапати беше одложен и со нетрпение го очекувавте претставувањето на gameplay-от. Можеме само да се извиниме за времето што го одзедовме за да ја објавиме оваа одлука. Поради усогласување со засегнатите страни, финансиски и правни регулативи, денес беше најраната дата за објава на ова соопштение”, порачаа од SI.
Football Manager со години излегуваше во октомври или ноември, а минатата година SI првично го одложи излегувањето за март 2025 година. Првите најави за новиот FM требаше да бидат објавени до крајот на јануари, но ни тоа не се случи. Денес од Англија пристигна веста дека популарната игра за сезоната 2025/2026 нема да биде издадена.
Сите кои ја нарачаа играта однапред ќе добијат поврат на парите, а Sports Interactive се обврза да ги оствари целите за FM26. Ова не е огромна драма бидејќи преминот на нова платформа честопати не може толку бргу да се реализира, но фановите се сè уште многу незадоволни од начинот на кој се развиваше ситуацијата.