Дома Фудбал Англија Аморим: Не сакаме да ги повториме грешките од минатото

Аморим: Не сакаме да ги повториме грешките од минатото

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим изјави дека клубот не бил многу активен на јануарскиот трансфер пазар бидејќи не сака да ги повторува грешките од минатото.

Неуспешните трансфери во последниве години доведоа до моменталната состојба на тимот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Она што го чувствувам е дека клубот се однесува трпеливо. Сите ние овде не сакаме да ги повторуваме грешките од минатото. Ќе видиме на лето. Многу сме внимателни со трансферите бидејќи направивме некои грешки во минатото“, прокоментира Португалецот.

„Во моментов тешко е суштински да се сменат работите во неколку натпревари. Ќе биде многу тешко до крајот на сезоната. Ризикуваме, сакаме нешто поинакво во тимот. Преземаме некои ризици, но ова е патот по кој сакаме да одиме. Кога ја избрав оваа професија знаев дека се зависи од резултатите“, додаде Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…