Дома Фудбал Гвардиола ќе биде разочаран: Премиер лигата го одби неговото барање

Гвардиола ќе биде разочаран: Премиер лигата го одби неговото барање

Фудбалскиот календар и онака е пренатрупан, а оваа година дополнително ќе го оптовари Светското клупско првенство, кое првпат ќе се игра во проширен формат со 32 клуба во САД од 15 јуни до 13 јули, термин резервиран за најголемите репрезентации во парни години.

Англиските клубови традиционално се најоптоварени, а на ова натпреварување ќе учествуваат Манчестер сити и Челси. Затоа менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, побара од Премиер лигата да ги одложи нивните први натпревари, за играчите да имаат повеќе време за одмор пред новата сезона. Но, Премиер лигата го одби барањето.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


“Го разгледавме тоа. ФИФА ни го наметна ова натпреварување, но едноставно не можеме да ги поместиме натпреварите затоа што календарот е стегнат до максимум. Не можеме да си дозволиме одложување,” изјави Тони Сколес, спортски директор на Премиер лигата.

Според договорот, играчите треба да имаат барем три недели одмор, а новата сезона на Премиер лигата започнува на 16 август, што значи дека клубовите мораат да ги стиснат сите подготовки за новата сезона во два недели.

Сколес се пожали и на УЕФА поради додадените натпревари во групната фаза на Лигата на шампионите и Лига Европа и плејофот за нокаут фаза. “Манчестер сити ќе игра две дополнителни натпревари во групата, две во плејофот и шест или седум на Светското клупско првенство. Тоа се потенцијални 10 нови натпревари во календар кој и така е растегнат до максимум. Сè отиде предалеку,” рече Сколес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Брујне дојде во соседството, познато зошто

Една од најголемите ѕвезди во Премиер лигата, играчот од средниот ред на Манчестер Сити, К…