Чаби Алонсо е означен како прва мета за замена на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, но во Леверкузен имаат поинакви планови.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Германскиот Билд открива дека управата на Баер веќе го планира летниот преоден рок со Чаби Алонсо и веруваат дека постои голема шанса Шпанецот да остане и покрај гласините за Реал Мадрид.
Билд тврди дека Алонсо и неговото семејство се чувствуваат многу добро во Германија и дека не им се брза да заминат од Леверкузен, додека ни на Шпанецот не му се брза, бидејќи е на почетокот од својата тренерска кариера.
Алонсо минатата сезона донесе историски двоен успех, оваа сезона обезбеди пласман во осминафинале од Лигата на шампионите, па сè оди во добар правец.
За него е важно и тоа што клубот има амбиција да ги задржи најдобрите играчи, како Флоријан Вирц, и што најважните членови на тимот исто така не размислуваат за заминување.
Во прилог на ова оди и фактот дека Карло Анчелоти има договор до летото 2026 година и дека само во случај да не освои ниту еден трофеј оваа сезона, Флорентино Перез ќе ја разгледа неговата смена.
Реал Мадрид моментално е лидер во Ла Лига, во Лигата на шампионите се среќава со Манчестер Сити во битката за осминафинале.