Дома Фудбал Реал се жалеше на судењето, а од воведувањето на ВАР се лидери по бројот на пенали

Реал се жалеше на судењето, а од воведувањето на ВАР се лидери по бројот на пенали

По 22 натпревари во шпанската Примера, Реал Мадрид е единствениот тим против кој не е досуден пенал во првенството на Шпанија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од друга страна, за Кралевите се досудени десет пенали во првите 22 кола од кои два не ги реализираа, додека Барселона и Атлетико Мадрид не се “пројавија” кога е во прашање овој сегмент на фудбалската игра.

За Барселона се досудени четири пенали, и три против Каталонците, додека за Јорганџиите се досудени два пенали за и против.

Кога станува збор за податоците поврзани со бројот на досудени пенали откако е воведен ВАР системот и сезоната 2018/2019, Реал пак е далеку пред сите.

Имено, за Кралевите се досудени дури 61 пенал, а против нив се досудени 31 казнени удари во истиот временски период, додека од друга страна за Барселона се досудени 43 пенали. Против нив се досудени 25 пенали.

За Атлетико во периодот од седум сезони се досудени 33 пенали, а против нив три помалку.

Што се однесува до головите кои се признати по реакција од ВАР собата, Реал Мадрид и тука е во сериозна предност. За Реал се признати 25 голови по реакција од ВАР собата, додека против Кралевите се признати само седум.

Барселона од ВАР има признати 12 голови, а против нив девет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перес објави голема вест, но не онаа која се очекуваше

Флорентино Перес свика нови претседателски избори во Реал Мадрид. Тоа беше акцентот на ден…