Французинот Матје Бомел, четирикратен победник на релито Дакар во улога на совозач на катарскиот пилот Насер ал Атија, доживеа тешка сообраќајна несреќа и моментално се наоѓа во вештачка кома.
Сè се случило минатата среда во вечерните часови, кога го видел искршениот автомобил на патот и застанал за да им помогне на луѓето во неволја.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
За жал, во тој момент ненадејно го удрил друг автомобил со кој управувала 73-годишна жена. Таа во несреќата добила полесни повреди, како и нејзиниот сопатник (70), но познатиот рели возач поминал многу полошо.
Бил при свест кога се случила сообраќајната несреќа, но лекарите во болницата го префрлиле во вештачка кома. Наводно, добил тешки повреди на двете нозе.
Бомел се смета за еден од најдобрите рели возачи, четири пати ја освоил релито Дакар, а последен пат во 2023 година.