
Во следните два олимписки циклуси се очекува да бидат вклучени нови спортови, а најголемото изненадување би можело да биде додавањето на покер меѓу натпреварите кои носат олимписко злато.
Германскиот Билд донесе сензационална прогноза. Имено, од Олимписките игри во 2032 година, кои ќе се одржат во Брисбејн, покерот би можел да биде олимписки спорт.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Глобалната асоцијација на меѓународните спортски федерации (GAISF) веќе го има препознаено покерот како “мисловен и стратешки спорт”. Исто така, е вклучен во Светските игри на умот, настан кој собира интелектуални спортови.
Според наводите, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) нема да има време да го вклучи за Олимписките игри 2028 година во Лос Анџелес, но Брисбејн 2032 година е повеќе од реална опција.
Истовремено, во борбата за нови олимписки спортови се вклучи и ФИФА, врвната организација на светскиот фудбал, која сака да вклучи два нови спорта веќе од следните олимписки игри.
Иако фудбалот е олимписки спорт, ФИФА направи сè за да вклучи уште два спорта во олимписката програма, а кои се под нејзина надлежност. Тоа се фудбал на песок и футсал, брзорастечки спортови кои се популарни ширум светот.
ФИФА на последниот состанок на одборот во Цирих јавно побара од МОК да ги вклучи овие две варијанти на фудбалот веќе од Олимписките игри 2028 година во Лос Анџелес.