Дома Фудбал Блесок на Ерик Ламела: Постигна спектакуларен гол со волеј! (Видео)

Блесок на Ерик Ламела: Постигна спектакуларен гол со волеј! (Видео)

Ерик Ламела е еден од оние фудбалери кои не успеаја до крај да го материализираат својот огромен талент.

Овој Аргентинец изгради солидна кариера, играше за Ривер Плејт, Рома, Тотенхем и Севиља, 25 пати го носеше дресот на Аргентина, а сега е во АЕК од Атина.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


И синоќа го потсети фудбалскиот свет дека е уште тука и дека со два гола го реши дербито на шампионатот на Грција против ПАОК во Солун, кој неговиот тим го доби со 2:1.

Особено ефектен беше првиот погодок, кога на фантастичен начин ја зафати топката со волеј од корнер повеќе од 20 метри и со „проектил“ го совлада голманот Доминик Котарски.

Навистина спектакуларен гол, кој сигурно ќе биде меѓу кандидатите за наградата „Пушкаш“, која се доделува на стрелецот на најубавиот гол во календарската година.

АЕК е по 21 одиграно коло е втор на табелата со 43 поени, а ПАОК е четврт со 37. Лидер е Олимпијакос со 47, додека Панатинаикос на третото место има ист број поени како и АЕК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го надигра Манчестер Сити

Во дербито на 26. коло од Премиер лигата, Ливерпул со речиси никакви потешкотии оствари по…