Дома Фудбал Анчелоти бесен на судиите: Па зошто беше измислен ВАР?

Анчелоти бесен на судиите: Па зошто беше измислен ВАР?

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше бесен на судиите по поразот од Еспањол.

Прво, голот на Винисиус Јуниор беше поништен, а покрај тоа, Карлос Ромеро, кој подоцна го постигна победничкиот гол за домаќините, не доби црвен картон за груб прекршок одзади врз Килијан Мбапе.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Дали има војна меѓу Реал Мадрид и судиите? Не сакам да зборувам за тоа. Единственото што ќе кажам е дека не беше доделен апсолутно очигледен црвен картон, а целиот свет го виде тоа. Најважно е да се зачува здравјето на играчите. Зарем ВАР не беше измислен за вакви ситуации? Ова беше исклучително груб и опасен фаул, и среќа што не дојде до повреда. Одлуката на судијата е необјаснива“, изјави Анчелоти.

Тој го коментираше и поништениот гол на Винисиус: „Судијата ни кажа само дека имало фаул од Мбапе“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо го доживеа најголемо понижување и најлошото предавство од „својот“ Реал Мадрид

Чаби Алонсо е еден од легендарните фудбалери на Реал Мадрид кој на почетокот на сезоната д…