Реал Мадрид синоќа неочекувано беше поразен од Еспањол со 1:0 во натпревар од 22. коло на Ла Лига, а „Кралевите“ имаа жестоки критики за судењето. Во центарот на вниманието се најде Килијан Мбапе, кого го прашаа за ВАР, а неговата гестикулација со раката кажа сè.
Но, по завршувањето на натпреварот од Реал покажаа колку се незадоволни од судиските одлуки и сметаат дека беа жестоко оштетени.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
Особено се навратија на две ситуации, а во двете во центарот на вниманието беше Килијан Мбапе.
Првата ја видовме во 20. минута кога Реал преку Винисиус Жуниор постигна гол за 0:1, но гостите беа во шок што истиот беше поништен бидејќи судијата Алехандро Руиз свиреше прекршок што го направи Мбапе.
Сепак, во Реал сметаат дека тоа била погрешна одлука бидејќи играчот на Еспањол прво го фатил Мбапе за врат и дека тоа всушност требало да биде пенал за „Кралевите“, кога судијата веќе реагирал.
Гестот на Мбапе кажува апсолутно сè.
— Навивачи на Реал Мадрид 🤍 (@MadridismoreaI) 1 февруари 2025
Што за кражба се случи денес 🤐🤐🤐🤐
pic.twitter.com/d1fUMM8Hoy
Втората ситуација се случи по еден час игра кога Ромеро жестоко го фаулираше Мбапе, и во Реал веруваат дека играчот на Еспањол поради тоа заслужил директен црвен картон.
Килијан Мбапе беше држан во перца, ама е прекршок за Реал Мадрид. 😭😭😭
— TC (@totalcristiano) 1 февруари 2025
pic.twitter.com/T322s4zIWE
Килијан Мбапе беше држан во перца, ама е прекршок за Реал Мадрид. 😭😭😭
— TC (@totalcristiano) 1 февруари 2025
pic.twitter.com/T322s4zIWE