Дома Фудбал „Бомба“ во македонскиот фудбал: Поранешен напаѓач на Лидс ќе потпише за Гостивар!

„Бомба“ во македонскиот фудбал: Поранешен напаѓач на Лидс ќе потпише за Гостивар!

Ли Ирвин треба да стане првиот Шкотланѓанец кој играл во Првата македонска фудбалска лига доколку се остварат најавите за негов трансфер во Гостивар.

Се работи за 30-годишен напаѓач кој во есенската полусезона играше за Хелсинки со кого настапи и во Конференциската лига, постигна три гола против Клаксвик од Фарски острови во ова натпреварување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Претходно, освен во шкотското првенство, настапувал и во Либан, Иран и неколку англиски клубови од кои најпознат е Лидс Јунајтед чиј член бил во сезоната 2015/16, во Чемпионшип дивизијата.

Ли Ирвинг веќе е во тренинг кампот на Гостивар во Хрватска. Се очекува наскоро да потпише за македонскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лондонски клубови со интерес за Стeрлинг

Кариерата на Рахим Стeрлинг е во сериозен застој веќе некое време. 31-годишниот играч на Ч…