Аргентинскиот фудбалски тренер Хорхе Сampaoli повторно доби брз отказ во својата кариера.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Клубот Рен одлучи да му се заблагодари за соработката по само три месеци поради катастрофални резултати и пет порази по ред. Пред тоа успеа да забележи три победи, но трпението на раководството на клубот се истроши.
Во последно време, Сampaoli не успева да одработи две последователни сезони во ист клуб, а неговиот тренерски пат го водеше низ Севиља, Сантош, Атлетико Минeиро, Олимпик Марсеј и Flamengo.
Во 2015 година, тој ја освои Копа Америка со Чиле, но подоцна немаше успех како селектор на Аргентина, а во клубскиот фудбал никако да му оди…
По 19 одиграни кола во француската Лига 1, Рен се наоѓа на 16. позиција на табелата со освоени 17 бодови. Тоа 16-то место води во бараж за опстанок.
Се очекува брза реакција од клубот и именување на нов тренер.