Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Размислувам за пензија, татко ми постојано ме убедува…

Ѓоковиќ: Размислувам за пензија, татко ми постојано ме убедува…

Новак Ѓоковиќ во големо интервју за магазинoт „GQ“ зборуваше за тоа како сè уште наоѓа мотивација, но и за тоа кој го „нагoвора“ да се повлече.

Најдобриот тенисер во историјата ќе биде на насловната страница на февруарското издание на медиумот од Њујорк, а по повод тоа зборуваше за тоа дали му помина желбата за тенис.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Ѓоковиќ за плановите за продолжување на натпреварите во белиот спорт.

„Размислувам за пензија, повеќе за тоа како ќе изгледа отколку кога ќе се случи. Мислам дека ќе одлучам дека е доста кога почесто ќе губам, кога ќе почувствувам дека не можам повеќе да се натпреварувам за освојување на најголемите трофеи”, изјави Србинот и додаде:

„За да бидам на врвот, морам да го намалам бројот на турнири на кои учествувам и да се фокусирам само на најважните. Планирам да играм гренд слемови и неколку подготвителни турнири пред нив, особено на земја. По освоеното олимписко злато, многумина ми кажаа дека е вистински момент да се повлечам додека сум на врвот, еден од нив беше и татко ми. Го разбирам тој начин на размислување, но ако сè уште се чувствувам способен да ги совладувам најдобрите на светот, не гледам зошто би престанал”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Руне за сликата што ја испрати на Ѓоковиќ: Лут сум му на Новак…

Се надеваа љубителите на тенисот дека во Копенхаген ќе гледаат дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Х…