Дома Фудбал Се сеќавате ли на Анџело Перуци? Освои сè што можеше да се освои, а денес живее во шума

Се сеќавате ли на Анџело Перуци? Освои сè што можеше да се освои, а денес живее во шума

Познатиот италијански голман Анџело Перуци (54) се појави во јавноста по долго време и откри дека живее во шума и дека денес воопшто не следи модерен фудбал.

Шампионот на Европа со Јувентус во 1996 година и светски со Италија 10 години подоцна во интервју за италијанскиот весник Il Messaggero зборуваше за неговиот живот по завршувањето на кариерата, но и потсети на некои од најконтроверзните моменти.

“Сега живеам во шума, модерниот фудбал не е за мене. Сум пензиониран, уживам во природата и едноставните работи. Една од најубавите работи што ги правам е да се разбудам наутро и да прошетам низ шумата”, рече Перуци.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Кариерата ја заврши во 2007 година во Лацио, а многумина се сеќаваат дека на почетокот од кариерата беше суспендиран на една година поради допинг.

“Бев наивен и не бев баш паметен. Направив сериозна грешка која имаше големи последици по мојата кариера”, истакна тој.

Откри и дека станал голман затоа што бил единствениот од неговиот клас што можел да ја допре пречката.

“Тоа беше учителката од основното училиште. Имаше две екипи и никој не сакаше да оди на гол. Во таа возраст сите сакаат да бидат напаѓачи па таа измисли експеримент: кој ќе може да ја допре пречката, ќе биде голман. А јас, бидејќи бев највисок, успеав и застанав на гол. Вистина е дека тоа многу ми се допадна”, раскажа Перуци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума за Мусиала: Вознемирен сум, немав намера

Голманот на Пари Сен Жермен Џанлуиџи Донарума изјави дека немал намера да го повреди фудба…