Дома Фудбал „Рашфорд мора да биде протеран од соблекувалната на Манчестер јунајтед“

„Рашфорд мора да биде протеран од соблекувалната на Манчестер јунајтед“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, се осврна на актуелната ситуација со Маркус Рашфорд, кој во последниот период е целосно отстранет од плановите на тренерот Рубен Аморим. Според Сколс, Рашфорд разочарал многумина во клубот, вклучувајќи ги соиграчите, стручниот штаб и навивачите, што, според него, заслужува сериозни последици.

Рашфорд, кој не настапил на последните 11 натпревари на Манчестер Јунајтед во сите конкуренции, е надвор од плановите на Аморим, а клубот активно бара решение за негово заминување.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Можете да слушнете многу критики од тренерот, но најголемото разочарување е кога ќе ги изневерите своите соиграчи. Токму тоа го направи Рашфорд, и поради тоа сметам дека не заслужува место во соблекувалната на овој клуб,“ изјави Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од Саудиска Арабија: Позната иднијната на Осимен?

Според најновите информации од Фабрицио Романо, трансферот на Виктор Осимен во саудискиот …