
Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас ја прекина тишината и конечно проговори за актуелните теми. Се зборуваше за Барселона, Мбапе, расизам и многу други работи.
“Продолжуваме да се бориме против говорот на омраза, не само против расизам. Се бориме и против хомофобија, нетолеранција…”, започна Тебас.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Потоа следеше прашање кое најмногу ја интересира фудбалската јавност, случајот на регистрацијата на Дани Олмо.
Голем број клубови од Ла Лига решија да се жалат поради тоа што Барселона успеа да го регистрира Дани Олмо, а Тебас ги поддржува.
“Во право се. Ако ние како Лига поднесуваме жалби, тоа значи дека веруваме дека не постапиле по закон. Имаме докази против нив и нема да застанеме тука. Во овој момент има лиценца и може да игра, но не значи дека тоа не може да се промени. Мислам дека имаме големи шанси. “
Се осврна и на темата на судство во лигата, односно жалбите на судискиот критериум во последно време.
“За жал, со овој проблем се справуваме веќе со години. Не ми се допаѓаат јавните критики како онаа на Лапорта пред некој ден.
Шестти февруари имаме средба на сите клубови и техничкиот комитет за судење, па ќе разгледаме внатрешно кое решение е најдобро и дали треба нешто да се менува.”
На крај, се осврна на едно од најголемите засилување во историјата на Ла Лига – Килијан Мбапе.
“Кога сите го критикуваа, реков дека тоа не е играч кој заборавил да игра фудбал и дека ќе ни пружи многу сјајни моменти за Реал Мадрид и шпанскиот фудбал. Токму тоа и го прави во последно време.”