Дома Останати Тенис Медисон Киз херојски до првата гренслем-титула во кариерата

Медисон Киз херојски до првата гренслем-титула во кариерата

Американската тенисерка Медисон Киз го освои Отвореното првенство на Австралија, откако во финалето ја победи Арина Сабаленка со 2:1 (6:3, 2:6, 7:5).

Американката која е 14. тенисерка на светската ранг листа направи голем подвиг и ја освои својата прва грен слем титула со победи над двете најдобри тенисерки на ВТА турнејата. Двете победи ги постигна откако одигра големи борби во три сета.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Девојката која долго време е присутна на ВТА турнејата и пред ова имаше играно само едно грен слем финале, конечно ја круниса својата кариера со најзначајниот трофеј. Никој нема да има што да ѝ замери за ова, бидејќи на патот до трофејот ги победи двете најдобри тенисерки на ВТА турнејата Ига Швјонтек и Арина Сабаленка.

Со оваа победа, Киз ќе го изедначи најдобриот ранкинг во својата кариера, а тоа е седмото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер преку Ѓоковиќ до финале на Ролан Гарос!

Синер победи со 3:0, по сетови 6:4, 7:5 и 7:6 (7:3) по три часа и 17 минути игра, а во нед…