Дома Останати Тенис Швајцарија има „нов Федерер“ – го освои Австралијан опен со еден изгубен сет

Швајцарија има „нов Федерер“ – го освои Австралијан опен со еден изгубен сет

Швајцарскиот тенисер Анри Бернет оваа година е освојувач на јуниорскиот шампионат на Австралија опен.

Бернет победи во финалето, на својот 18. роденден, совладувајќи го Бенџамин Вилверт во два сета (2:0) по нешто повеќе од час време на игра. Во сетовите беше 6:3, 6:4.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ↓↓↓


Видовме сосема доминантен меч од Бернет во финалето. По лесно освоениот прв сет, тоа се случи на почетокот на вториот кога Американецот имаше две шанси за брејк за враќање во мечот, но не ги искористи и беше казнет за тоа.

Инаку, Бернет, кој претходно има изјавено дека го инспирира неговиот сонародник Роџер Федерер, на патот до финалето загуби само еден сет. Тоа беше во осминафиналето кога српскиот тенисер Огњен Милиќ го зеде првиот сет (6:4) за некои половина час по што следуваше пресврт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Потрес во тенисот: Иванишевиќ освои се со Ѓоковиќ, а сега станува тренер на – Синер?!

Сензационална вест доаѓа од Италија. Горан Иванишевиќ е еден од кандидатите да стане трене…