Дома Фудбал Италија Интер започна преговори со Лоран Блан!?

Интер започна преговори со Лоран Блан!?

После серијата на лоши резултати, тренерот Франк де Бур е пред отказ, а италијанските медиуми тврдат дека раководството на Интер започнало преговори со Лоран Блан.

„Нероаѕурите“ вечерва се среќаваат со Торино и евентуален неуспех ќе значи и сигурен отказ за холандскиот стручњак, па веќе разгледуваат алтернативи за тренерското столче.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Според медиумите од Франција, Интер веќе остварил контакт со Лоран Блан. „Паризиен“ пренесува дека новите сопственици од Кина разговарале со агентот на стратегот и Блан е заинтересиран за враќање на „Џузепе Меаца“, каде настапуваше од 1999 до 2001 како играч.

Неофицијално, на Французинот му е понудена плата од пет милиони евра по сезона, плус буџет од над 50 милиони евра за засилувања веќе во јануарскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салах утрово потпиша нов договор, а сега е позната и судбината на Вирџил ван Дајк

Утрово Ливерпул реши да го „сруши“ интернетот со ненадејна објава дека Мо Салах го продолж…